Добредојде гостин

Нашата работа



Нивоа на активност:

ФПОПМ е активна на локално, национално и интернационално ниво, зависно од конкретната активност.

- На локално ниво најголемиот дел од активностите во кои учествува ФПОПМ се имплементираат од страна на регионалните здруженија (обуки, консултански услуги, работилници и т.н.). И покрај нивниот регионален карактер овие активности често се организираат под покровителство на ФПОПМ додека учество земаат и претставници од други здруженија или региони кои присуствуваат или учествуваат во обуките, консултациите и размената на искуства.

- Како препознатлива и почитувана организација на национално ниво, ФПОПМ ефикасно ги претставува интересите на производителите на органски производи и претставниците на органското движење во целина пред институциите, медиумите и јавноста.

ФПОПМ делува како обединет глас на производителите на органски производи во Македонија. Членовите на ФПОПМ варираат од индивидуални производители, преку фамилијарни фарми и бизниси до големи компании.

ФПОПМ го поддржува и учествува во припремата и публикувањето на технички и промотивни материјали за органското производство. Претставници на ФПОПМ учествуваат во различни комисии и работни групи формирани од надлежните институции, коишто работат на политики и лагислатива поврзана со органското производство или се поврзани со прашања релевантни за органското движење. ФПОПМ врши мониторинг и ги информира сите чинители преку својот интернет портал за промени во националната и ЕУ легислативата кои можат да влијаат на органското движење во Македонија.

- На интернационално ниво ФПОПМ е активна и го поддржува претставувањето на македонските органски производи. Обезбедуваме поддршка во организирање на студиски патувања, настап на саеми и манифестации. ФПОПМ учествува и придонесува во реализацијата на интернационални проекти и активности.