Добредојде гостин

Управување



ФОПСМ е национална чадор организација формирана од страна на регионалните здруженија на производители на органски производи во Македонија. Највисокото управувачко тело на ФОПСМ е Собранието. Постојат точно дефинирани правила за номинирање на делегати од членовите во Собранието. Правилата за управување се детално опишани во Статутот на ФОПСМ, кој претставува јавен документ. Собранието има свој Претседател, кој раководи со седниците на Собранието. Делегатите во Собранието го избираат управниот одбор на ФОПСМ. Управниот одбор брои 5 членови и раководи со ФОПСМ. Состаноците на Управниот Одбор ги води претседателот на Управниот Одбор.

Со оглед дека ФОПСМ е организација на производители, сите други чинители во органското движење (преработувачи, трговци, продавачи на препарати, дистрибутори, тела на владата, национални паркови, истражувачки и образовни институции и други правни лица) можат да се зачленат во ФОПСМ во структурата наречена “Клуб на Партнери”. Клубот на партнери има право да номинира делегати во собраниоето и телата на ФОПСМ. Состаноците на клубот на партнери ги води Претседателот на Клубот на Партнери.

Советоданата комисија е тело преку кое општествено признаени личности во Македонија (Универзитетски професори, консултанти, бизнисмени и др.) го даваат својот придонес во работата на ФОПСМ. Улогата на Советодавниот одбор е да обезбедува независни мислења и препораки на Собранието и на ФОПСМ во целина.

ФОПСМ има двајца Амбасадори на Добрата Волја, еден национален и еден интернационален. Амбасадорите на Добрата Волја се всушност културни аташеа кои го претствуваат и промовираат ФОПСМ и Македонските органски производи на различни манифестации и собири, со што имаат улога во развојот на домашниот пазар и развојот на одржливото земјоделско производство во Македонија