Добредојде гостин

Зачленување



Ви благодариме за вашиот интерес за членство во ФОПСМ и воедно ве каниме да станете член на ФОПСМ

Преку вашето членство и поддршка, ние

◦ ќе продолжиме да го одржуваме текот на информации до производителите на органски производи, купувачите, трговците на големо и мало и сите други заинтересирани за органското производство во врска со прашања за кои е потребно нашето колективно внимание,
◦ ќе продолжиме со развивањето на органското движење во Македонија,
◦ ќе одржуваме и ажурираме интернет порталот Органска Македонија, со цел да ги информираме и поврземе производителите и потрошувачите за достапноста на органските производи и релевантните услуги,
◦ ќе продолжиме со поддршка на регионалните здруженија согласно моменталните потреби и можности,
◦ ќе застапуваме и лобираме во интерес на развојот на органското движење во Македонија.


Категории на членување

Членството на ФОПСМ се категоризира како редовно членство или како членство во клубот на партнери на ФОПСМ.

Cекое здружение на граѓани, земјоделска кооператива или група на производители регистрирано во Р.Македонија може да аплицира за членство во ФОПСМ.

Врз база на својата структура на членови регионалните здруженија можат да номинираат делегати во Собранието и другите органи на ФОПСМ. Деталните услови на за номинирање на делегати се опишани во Статутот на ФОПСМ.


Клуб на партнери на ФОПСМ

Во Клубот на партнери можат да членуваат сите правни лица и физички лица кои имаат извршено сертификација на преработувачки капацитети, трговски друштва, диворастечки производи, дистрибуција и продажба на органски производи во Македонија односно не вршат примарно производство на органски производи.

Клубот на партнери ги застапува интересите на правните и физичките лица кои не вршат примарно производство на органски производи но се заинтересирани и учествуваат во развојот на органското производство во Македонија.

Клубот на партнери преку своите делегати учествува во работата на собранието и другите тела на федерацијата.



За апликација за редовно членство кликнете тука

За апликација за членство во Клубот на партнери на ФОПСМ кликнете тука